Легендата на Баерн Минхен и на германскиот фудбал, Лотар Матеус, даде своја анализа пред почетокот на Бундеслигата. Тој смета дека Баерн повторно ќе биде супериорен, и ќе ја освои титулата. Вели дека кај „Баварците“ има подобра хемија од оној тим во 2013 кој исто така ја освои тројната круна.

„Не гледам како Баерн не би бил шампион и следната сезона. И покрај тоа што може да остане без Алкантара, сепак, тука е Горецка кој што покажа дека може да се носи со предизвикот. Најдобри се, им нема конкуренција“, вели Матеус кој се освртна и на Борусија Дортмунд, најголемиот ривал на „Баварците“ за титулата.

„На Борусија Дортмунд му треба дрскост, играчи, извенете на израз – „копилиња“. Ништо не се добива само со талент и младост. Друго нешто е тоа што Дортмунд не може во блиска иднина да го загрози Баерн со трансфери“, рече Матеус.