Почна лудилото во Лигата на шампионите. Вардар во првото полувреме против Мешков имаше добри и лоши страни. Избраниците на Стевче Алушовски играа нешто подобро, но старата навика за лесно губење на контролата на резултатот не ја искорнаа.

На одморот во Брест е 12-10.

Првите десет минути му припаднаа на домаќинот имаше водство од 4-2 и 5-3. „Црвено-црните“ брзо се вратија во ритам, инспирирани од Борко Ристовски и неговите четири одбрани во вториот дел од првите полувреме, како и двата прекрасни погоди на Вујин израмни на 5-5, а потоа поведе со 5-6.

Беше изедначено се до 20. минута, неколку изгубени топки, лоша организација на нападот беа доволни за Мешков да поведе со 11-7 во 25. минута.

Расположениот Вујин со два гола ја намали на 11-9, негатива со која се замина на полувремето 12-10.

Вујин со четири гола е прв стрелец, Јотиќ има два гола, по еден запишаа: Дибиров, Чупиќ, Дисингер и Гаџа.