Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев ја запиша првата првенствена победа со својот нов тим, Инегол ББ. На гостувањето против Солхан Спор, Ѓорѓиев и неговите клупски колеги обезбедија убедлив триумф од 3:0 со кој се рехабилитираа по стартниот пораз пред три дена од екипата на Зираат Банкаѓши.

Турската Прва лига веќе стартуваше и денеска се играат натпреварите од комплетното 2. коло.