Силекс утре го очекува нова Европска битка против Косовскиот тим на Дрита. Пред мечот со Косоварите на на медиумите им се обратија тренерот Горан Симов како и Ангелче Тимовски.

„Не очечува тежок меч, а колку немавме среќа со Карабах и таа ждрепка, сега излвековме екипа со која можеме. Ние на хартија сме фаворити ама на Арената сме и ние гости. На нас во последно време ни одговара ваков широк терен. Едно е сигурно дека ќе биде неизвесен меч можно е да трае и повеќе од деведесет минути. Јас сум тренер кој оди секогаш на триуф на мечот е 50:50 што се вели“ – истакнува Симов па додава.

„Имаме ровити играчи, но сите сме тука. Гроздановски и Ѓоргиев не играа во Струга се надевам дека за утре ќе се спремни. Ние собираме искуство на овие мечеви, ќе видиме колку сме научиле од Карабах како меч.  Дрита е противник кој реално е квалитет нешто налик на нашите прволигаши. Затоа може да одлучи само еден момент од мечот. Треба да бидеме храбри, а среќата ги следи храбрите“ – истакнува Симов.

НИХИУ ЗНАЕ СЕ ЗА МАК ФУДБАЛОТ ТОА Е ПРЕДНОСТ НО И МАНА

„Ардиан Нухиу е мој соиграч од Вардар, знае се за мак лигата, ги има сите податоци за нас. Тоа му е предност но и мана. На Силекс никој не гледаше и лани како фаворити, па ете сега сме ние во Европа. Овој меч ќе го одлучи кој помалку ќе има страв во себе. Кој повеќе ќе сака победа што се вели. На овие мечеви нема многу тактика, ние не сме ниту Клоп ниту Мурињо. Ќе биде борба, фајт, чиста фудбалска ботка„ – потенцира Симов.

ТИМОВСКИ: НЕМ ФАВОРИТ, МОЖЕ ДА ОДЛУЧИ ЕДЕН ГОЛ

Од друга страна пак Ангелче Тимовски вели дека можеби клучната предност за Силекс е тоа што Дрита подолго време нема одиграно меч.

„Тука некаде сме со кваитет според мене нема фаворит. Можеби малку сме во предност што немаат меч подогло време но мислам дека сме благи фаворити.Треба да играме многу претпазливо. Ако примиме гол, ќе биде секако потешко затоа што поправен нема, еден натпревар“ – вели Тимовски.