Поранешниот прв човек на светската атлетика, Ламина Диак, беше прогласен за виновен во тужбата што беше спроведена против него поради корупција. Судот во Франција го осуди на четири години затвор, од кои две се условни.

Покрај затворска казна, Диак треба да плати и парична казна од 500.000 евра.

На Сенегалецот му се судеше за корупција, перење пари и прикривање допинг.

Тој беше осуден за примање мито од спортисти осомничени за допинг, со цел да ги сокрие резултатите од нивните тестови и да им овозможи да продолжат да учествуваат на натпревари. 87-годишниот Диак е во домашен притвор во Париз од ноември 2015 година.