Ренова прва денеска ќе го “стартува“ европскиот ден на нашите фудбалски клубови, претставници во квалификациите во Лигата на Европа. Рано попладнево со почеток во 15:30 часот, ќе има и ТВ пренос на Арена Спорт 1, “гипсарите“ го очекуваат Хајдук, еден од најголемите клубови на Балканот, хрватски а некогаш и екс- југословенски гигант.

Се знае кој е Хајдук, нека биде фаворит, но ние си ја гледаме нашата шанса“ е девизата на “гипсарите“.

Со искуство повеќе од оној меч со Алашкерт во Ерменија кога Ренова во тоа 1.квалификациско коло победи со 1:0 и се пласира во оваа фаза, момците на тренерот Бујар Ислами секако дека планираат да го дадат својот максимум. Сакаат, тие не кријат, да дојдат до најголемиот клупски успех во историјата, до 3.квалификациско коло во ЛЕ, а таму во Истанбул ги чека уште еден гигант, а тоа Галатасарај или пак ако турците загубат од Нефчи Баку, ќе играт со тимот од Азербејџан кој го мина Шкупи.

Но, тоа за потоа, сега мислите веќе неколку денови се кон Хајдук.

Ислами нема некои поголеми проблеми со составот, можеби има една до две дилеми на неколку часа пред мечот, но и тоа треба да се разреши.

Од Ренова македонската јавноста очекува одважна битка, да се нападне гостинот од Сплит во рамките на можностите на “гипсарите“, а ако тоа биде доволно за победа и пласман понатаму, тогаш тоа ќе биде супер.

Сепак, нели, Хајдук е Хајдук, тим кој има свои слаби страни како и секој друг состав.