Е, тоа е класа. Шкендија е класа, европска класа. И со десет играчи кај силниот Ботошани на негов терен во последните 20-25 минути, сепак успеа да ги одржи тие 1:0. И да победи, и да се пласира во следната рунда. А следниот четврток се знае, голема, жестока битка со гигантот Тотенхем, со Мурињо, со Кејн и останатите звезди. Којзнае, ако Локо Пловдив успеа да го начне големиот тим од Англија, дали Шкендија може да го урне?

Ќе видиме за седум дена. Инаку и вечерва Шкендија покажа дека има сила, има квалитет за големи нешта. Два меча на гости ова лето, и две победи и тоа без примен гол. Бесарт Ибраими е фантастико, останатите се мајстори. Така треба во Европа.

А сега одиме на тој Тотенхем. ЖОЗЕ – ТЕ ЧЕКАМЕ ВО СКОПЈЕ….