Во пресрет на денешната ждрепка во УЕФА за последната квалификациска рунда до групната фаза во Лигата на Европа, стана јасно кој се потенцијалните ривали на тетовска Шкендија, во случај сензационално да го мине Тотенхем на дуелот во Скопје следната недела.

Пред Шкендија стојат четири интересни опции. Првата е победникот од пресметката меѓу Ростов на нашиот Тошевски и Макаби Хаифа, втората доаѓа од победникот на дуелот Вилем II – Глазгов Ренџерс, третата е победникот на дуелот Стеауа – Либерец, и последната подобриот од мечот меѓу Фехервар на Муслиу и Николов и француски Ремс.

Ждрепката во Нион ќе се одржи денеска од 14 часот, па останува да се види кој ќе биде следниот можен предизвик за тетовските „црвено црни“.