Некогашниот фудбалер на Барселона, Тијаго Алкантара со писмо се збогува од Баерн Минхен, иако од Ливерпул нема официјална потврда.

„Одлучив да го затворам ова поглавје во овој чуден клуб, во кој растев и се развивав како играч во последните седум години. Победи, успеси, моменти на радост и некои тешки моменти. Но, на она што сум најмногу горд е дека во Минхен дојдов како млади играч и полн со соништа, заминувам исполнет…Тука научив да ја сакам и почтиувам тадицијата од која се збогувам, но никогаш нема да ја заборавам“, пиша на Твитер Тијаго.

Тој минатата сезона со Баерн ја освои Лигата на шампионите, има седум титули во Бундес-лигата во низа, четири во германскиот Куп и клупското светско првенство.

Тој треба да биде второто летно засилување на Ливерпул. Што се однесува до Клоп, неговото доаѓање е таинствено.

„Нема ништо на оваа тема, не е официјално додека не се објави, а јас не сум гласоговорник. Моите раце се врзани, за фановите на Ливерпул ќе биде добро да го пратат клупскиот сајт“.