По стартот на Премиерлигата и шпанската Ла Лига, од денеска се крева завесата на уште една од ТОП 5 европските национални лиги, германската БУНДЕСЛИГА: Иако не е толку богата како Премиершип, германската Бундеслига рамо до рамо се бори со популарноста кај домашните фанови. Полни стадиони (до пред пандемијата), огромен интерес за тв-преносите, но и интернационален квалитет на гигантите зачинет со европската фудбалска круна на шампионот Баерн (М) оваа година.

По цели седум години, Бундеслигата ги има европските шампиони и за првпат во овој век, најдобриот клуб на Стариот континент според ранг-листите на УЕФА. Баерн како таков се движи кон деветтата врзана круна како апсолутен фаворит. Сè освен триумф на Баварците ќе се смета за чудо од светски размери, а тој факт веројатно одвраќа многу фудбалски фанатици од германскиот шампионат. Но, затоа борбата за преостанатите три места кои водат во Лигата на шампионите никогаш не би можела да биде повозбудлива. Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и РБ Лајпциг и оваа година ќе водат војна за врвот, секако со уште по неколку од тимовите, кои редовно, секоја сезона изненадуваат.

Сепак, факт е дека оваа сезона Бундеслигата остана без редица врвни играчи.

Каи Хаверц и Тимо Вернер се најголемиот летен пораз во Бунделигата. Веќе две години двајцата беа дел од најголемите sвезди во Германија, заедно со Роберт Левандовски и Џејдон Санчо. Но, по правило, секоја сезона Германците вадат по некоја нова ѕвезда, па прашање е кој ќе излезе од талогот на просечното и ќе се наметне како нова ѕвезда на бундеслигашкото небо. Германците тргнуваат вечерва од празната „Алијанц Арена“, но најавите велат дека на дел од стадионите уште ова коло може да има одреден процент на гледачи. Тоа само уште повеќе ќе го засили интересот за новата бундеслигашка сезона.


БУНДЕСЛИГА ТРАНСФЕРИ 2020/21:

БАЕРН (М):

➡️ Пристигнаа: Лерој Сане (Манчестер Сити), Александар Нибел (Шалке, слободен агент), Танги Квази (ПСЖ)

⬅️ Заминаа: Одриозола, Кутињо, Перишиќ (вратени од позајмица), Лукас Маи (Дармштат, позајмица), Кристијан Фрихтл (Нирнберг, позајмица)

БОРУСИЈА ДОРТМУНД:

➡️ Пристигнаа: Џуд Белингем (Бирмингем), Томас Мениер (ПСЖ), Раниер (Реал Мадрид, позајмица), Емре Чан (откупен договор)

⬅️ Заминаа: Леонардо Балерди (Марсеј, позајмица), Марио Геце (слободен агент), Омер Топрак (Вердер Бремен), Ашраф Хакими (Интер)

РБ ЛАЈПЦИГ

➡️ Пристигнаа: Хван Хичан (Салцбург), Џозеф Мартинез (Лас Палмас), Бенџамин Хенрихс (Монако), Лазар Самарџиќ (Херта)

⬅️ Заминаа: Тимо Вернер (Челзи), Ханес Волф (Борусија Менхенгладбах), Ив Мвого (ПСВ, позајмица)

БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН

➡️ Пристигнаа: Патрик Шик (Рома), Ленарт Грил (Кајзерслаутерн)

⬅️ Заминаа: Каи Хаверц (Челзи), Кевин Фоланд (Монако), Рамадан Озџан (пензија)

БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ:

➡️ Пристигнаа: Џо Скали (Њујорк), Ханес Волф (РБ Лајпциг, позајмица), Валентино Лазаро (Интер, позајмица)

⬅️ Заминаа: Тобијас Штробл (Аугзбург), Фабијан Џонсон (слободен агент), Рафаел (слободен агент)

АЈНТРАХТ ФРАНКФУРТ

➡️ Пристигнаа: Стивен Зубер (Хофенхајм), Рагнар Ахе (Спарта Ротердам), Андре Силва (Милан, откупен договор)

⬅️ Заминаа: Лукас Торо (Осасуна), Мијат Гачиновиќ (Хофенхајм), Гонзало Пасиенсија (Шалке, позајмица), Дејан Јовељиќ (Волфсбергер, позајмица), Анте Ребиќ (Милан)

ШАЛКЕ

➡️ Пристигнаа: Ведад Ибишевиќ (Херта, слободен агент), Гонзало Пасиенција (Ајнтрахт Франкфурт, позајмица)

⬅️ Заминаа: Вестон Мекена (Јувентус), Александар Нибел (Баерн, слободен агент), Даниел Калиџури (Аугзбург, слободен агент)

УНИОН БЕРЛИН

➡️ Пристигнаа: Нико Гизелман (Фортуна Дизелдорф, слободен агент), Робин Кнох (Волфсбург, слободен агент), Андреас Луте (Аугсбург, слободен агент), Седрик Тојхерт (Шалке), Макс Круз (слободен агент)

⬅️ Заминаа: Рафаел Гикијевиќ (Аугзбург, слободен агент), Себастијан Полтер (Фортуна Ситарт, слободен агент), Феликс Крос (Брауншвајг, слободен агент), Кен Рајхел (Оснабрик, слободен агент), Себастијан Андерсон (Келн)

ХЕРТА

➡️ Пристигнаа: Александар Шолов (Фрајбург), Дејовасио Зефејк (Гронинген), Џон Кордоба (Херта)

⬅️ Заминаа: Паскал Кепке (Нирнберг), Пер Силијан Скилбред (Розенборг), Саломон Калу (Ботафого, слободен агент), Ведад Ибишевиќ (Шалке, слободен агент), Александар Ашвајн (слободен агент), Ондреј Дуда (Келн)

ФРАЈБУРГ

➡️ Пристигнаа: Ермедин Демировиќ (Алавес), Баптист Сантамарија (Анже), Гас Тил (Спартак Москва, позајмица), Бенџамин Уфоф (Карлсруе)

⬅️ Заминаа: Лука Валдшмит (Бенфика), Робин Кох (Лидс), Александар Шволов (Херта), Паскал Штенцел (Штутгарт)

ВЕРДЕР

➡️ Пристигнаа: Таит Чонг (Манчестер Јунајтед, позајмица), Леонардо Битенкур (Хофенхајм), Омер Топрак (Дортмунд)

⬅️ Заминаа: Фин Бартелс (Холштајн Кил, слободен агент), Нури Шахин (Анталија, слободен агент), Филип Баргфреде (слободен агент), Себастијан Лангкамп (слободен агент), Клаудио Пизаро (пензија)

ВОЛФСБУРГ

➡️ Пристигнаа: Бартош Бјалек (Заглебие), Максенс Лакроа (Сошо)

⬅️ Заминаа: Робин Кнох (Унион Берлин, слободен агент), Феликс Удокаи (Аугзбург), Марсел Тисеран (Фенербахче)

МАЈНЦ

➡️ Пристигнаа: Лука Килијан (Падерборн), Димитри Лавал (Стандарден Лиеж)

⬅️ Заминаа: Арон Зајдел (Дармштад, слободен агент), Александру Максим (Газиантеп, слободен агент)

ШТУТГАРТ

➡️ Пристигнаа: Валдемар Антон (Хановер), Ватару Ендо (Ст. Трујден), Паскал Штенцел (Фрајбург), Константинос Мавропанос (Арсенал, позајмица), Момо Сисе (Ле Авр, слободен агент)

⬅️ Заминаа: Анастасиос Донис (Ремс), Чадрац Аколо (Амиен), Пабло Мафео (Уеска, позајмица)

АРМИНИЈА БИЛЕФЕЛД

➡️ Пристигнаа: Кристијан Гебауер (Алтах, слободен агент), Јакоб Барет Лаурсен (Одензе, слободен агент), Натан де Медина (Мускрон, слободен агент), Мајк ван дер Хорн (Свонси, слободен агент), Серхио Кордова (Аугсбург, позајмица)

⬅️ Заминаа: Џонатан Клаус (Ленс, слободен агент), Флоријан Хартерз (Дизелдроф, слободен агент)

ХОФЕНХАЈМ

➡️ Пристигна: Мијат Гачиновиќ (Ајнтрахт Франкфурт)

⬅️ Заминаа: Стивен Зубер (Ајнтрахт Франкфурт), Леонардо Битенкур (Вердер Бремен), Грегор Кобел (Штутгарт), Мајкл Езер (Хановер)

КЕЛН

➡️ Пристигнаа: Рон Роберт Цилер (Хановер, позајмица), Ондреј Дуда (Херта), Себастијан Андерсон (Унион Берлин)

⬅️ Заминаа: Симон Тероде (Хамбургер, слободен агент), Ласе Собие (Цирих, позајмица), Биргер Верстрете (Антверпен, позајмица), Марсел Рисе (Викторија Келн, позајмица), Винсент Косиело (Национал, заем)

АУГЗБУРГ

➡️ Пристигнаа: Роберт Гумни (Лех), Рафаел Гикијевиќ (Унион Берлин), Тобијас Штробл (Менхенгладбах), Даниел Калиџури (Шалке, слободен агент), Феликс Удокаи (Волфсбург, откупен договор)

⬅️ Заминаа: Филип Макс (ПСВ Ајндховен), Андреас Луте (Унион Берлин, слободен агент), Серхио Кордова (Арминија Билефелд, позајмица), Даниел Баер и Стефан Лихштајнер (пензија), Кевин Дансо (Дизелдорф, позајмица)