Светската фудбалска куќа (ФИФА) ќе ги „олабави“ правилата и во иднина ќе гледаме повеќе случаи како на пример Диего Коста кој играше за Бразил пред да го смени националниот дрес и да заигра за Шпанија. Коста одигра два меча за Бразил, а двата пријателски, па една година подоцна доби дозвола да заигра за Шпанија.

ФИФА на денешниот конгрес ја одобри промената на прилото според кое играчите се ограничени на настап на само една репрезентација. Тоа значи дека во иднина фудбалерите ќе можат да го променат националниот тим и кога ќе одиграат еден или два официјални натпревари за таа земја. Само постои еден услов, тој натпревар (или натпревари) да не биде на некое големо натпреварување како на пример Светско или Европско првенство.

Па така ќе нема повеќе спорови околу тоа играчите да ги менуваат репрезентациите. Познат е случајот со екс-играчот на Барселона Мунир Ел Хадади кој играше за младинските категории на Шпанија и дебитираше за сениорскиот тим (одигра неколку минути против Македонија) и потоа неуспешно проба преку Судот за спортска арбитража во Лозана да добие право да настапи за Мароко на СП во Русија.

Според новото правило тој ќе може да го смени фудбалското државјанство.