После триумфот над Шкупи, Вардар не успеа да избори добар резултат на гостувањето во Ѓорче Петров против Македонија. Пораз од 2:1 на крајот, иако Вардарци се покажаа како добар противник и на овој меч. Сепак, неискуството во одбраната го стори своето, па така „црвено-црните“ мораа да го положат оружјето.

Не помогна ниту тоа што во вториот дел влегоа Блажевски, Петковски, Мирчевски, Мартинага… Сите офанзивни играчи. Македонија ЃП успешно се бранеше на чело со двоецот Ковачев – Личина и успеа да се одбрани и да дојде до важни три бода.