Четири гостински победи и едно реми е билансот од денешните натпревари од 2. коло во Бундес лигата. Келн изгуби од Хофенхајм на свој терен со 2:3, Штутгарт од Фрајбург со истиот резултат. Кај Штутгарт на клупата седеше Дарко Чурлинов кој не доби шанса за настап. Унион во Берлин беше поразен од Аугзбург со 1:3, а Вердер беше понижен сред Бремен од Херта. Берлинците славеа дури со 4:1.

Ајнтрахт Франкфурт одигра 1:1 со повратникот Арминија Билефелд.

Вечерва играат уште Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах.

Утре на програмата се мечевите РБ Лајпциг- Мајнц, Волфзбург-Баер Леверкузен.