Каков кикс на Брегалница!Вечерва во Штип апсолутниот фаворит одигра само 1:1 против тоталниот аутсајдер Осогово. Ова не е добро за “сиините“, сега следниот викенд ќе одат на гости во Кавадарци како втори, кај Тиквеш во супер – дербито, кој сега ќе се перчи дека е лидер.

Кочанци и “украдоа“ два златни бода на Брегалница, исход кој е сензационален, ретко кој, ма никој, не го очекуваше. Ова може многу, многу скапо да ги чини момците од Штип во битката за првото место во Втората лига – исток сезонава.

Брегалница доминираше, имаше шанси, но дојде во водство дури во 59.минута со голот на Антонио Митрев, откако прекрасно му асистираше Мартин Стојанов. На израмнување не се чекаше многу, веќе во 64.минута Далчески израмни, и јасно, го расплака фудбалски Штип. До крајот “сините“ фрлија се на една карта, но победнички гол немаше, иако во судиското продолжение домашните имаа фантастична шанса за победа, но немаа среќа.

Останаа тие 1:1, на радост на Тиквеш….

 

ТАБЕЛА

  1. ТИКВЕШ 10
  2. БРЕГАЛНИЦА 10
  3. ПОБЕДА 7
  4. РОСОМАН 7
  5. СЛОГА (В) 7
  6. КОЖУФ 5
  7. КАМЕНИЦА САСА 3
  8. КИТ ГО 2
  9. ОСОГОВО 2
  10. ПЛАЧКОВИЦА 1