Денеска со два меча стартува и италијанската Серија А. Фиорентина-Торино и Верона-Рома се мечевите кои ќе ја кренат завесата во најсилната италијанска лига. Минатата сезона Интер и сензацијата Аталанта долго се бореа со Јувентус за првото место на табелата и шампионската титула, но, сепак, „Старата дама“ го издржа маратонот и повторно стана шампион.

И оваа сезона Јувентус е прв фаворит за „скудетото“, а голем притисок се очекува од Интер кој сезонава осетно се засили и има намера после долги години да ја турне „Старата дама“ од престолот. А Јувентус донесе добри играчи, тука се Кулушевски, Мекени, Артур… на клупата седна легендата Андреа Пирло на кого ова ќе му биде прв тренерски ангажман.

КОМПЛЕТНИОТ РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ПОГЛЕДНЕТЕ ГО СО КЛИК НА ОВОЈ ЛИНК

Аталанта направи само мали промени во составот што значи дека се очекува повторно да блеска, а Наполи со ангажманот на Виктор Осимен ќе се обиде да им ги поремети плановите на Јуве и Интер.

И Милан направи реконструкција. Го донесоа Сандро Тонали од Бреша, го позајмија Брахим Диаз, ги откупија Салесмакер и Ребиќ, Ибрахимовиќ остана, па се очекува оваа сезона да бидат далеку подобри од претходните.

Оваа сезона двајца Македонци ќе гледаме во Серија А. Се надеваме дека Илија Несторовски ќе добие повеќе минути во Удинезе, а Горан Пандев повторно да биде главна алка во Џенова и барем оваа сезона да биде подобра за „црвено-сините“, а не како минатата во која до крајот на сезоната стравуваа за опстанокот.


СЕРИЈА А – ТРАНСФЕРИ 2020/21

ИНТЕР
➡️ ДОЈДОА: Ашраф Хакими (Реал Мадрид), Николо Барела (Каљари), Стефано Сенси (Сасуоло), Дариан Малеш (Луцерн), Александар Коларов (Рома), Јоргос Вагианидис (Панатинаикос), Алексис Санчез (Ман.Јунајтед)
⬅️ ЗАМИНАА: Мауро Икарди (ПСЖ – го откупи договорот), Андреа Пинамонти (Џенова), Јан Карамох (Парма), Андреа Палаци (Монца), Валентин Лазаро (Менхенгладбах), Борха Валеро (Фиорентина).

ЈУВЕНТУС
➡️ ДОЈДОА: Артур (Барселона), Вестон Мекени (Шалке), Стефано Гори (Пиза), Дејан Кулушевски (Парма)
⬅️ ЗАМИНАА: Миралем Пјаниќ (Барселона), Емре Џан (Дортмунд), Симоне Мураторе, Кристијан Ромеро (Аталанта), Блес Матуиди и Гонзало Игуаин (Интер Мајами)

НАПОЛИ
➡️ ДОЈДОА: Виктор Осимен (Лил)
⬅️ ЗАМИНАА: Алан (Евертон), Симоне Верди (Торино), Роберто Инглесе (Парма), Марко Рог (Каљари), Влад Кирикеш (Сасуоло), Алберто Граси (Парма), Оретсис Карнезис (Лил), Хозе Каљехон (слободен играч), Луиџи Сепе (Парма)

МИЛАН
➡️ ДОЈДОА: Сандро Тонали (Бреша), Алексис Салесмакер (Андерлехт – откупен договор), Симоне Кјер (Севиља), Ципријан Татарушану (Лион), Брахим Диаз (Реал Мадрид), Анте Ребиќ (Ајнтрахт – откупен договор).
⬅️ ЗАМИНАА: Сусо (Севиља), Андре Силва (Ајнтрахт), Рикардо Родригез (Торино), Густаво Гомез (Палмеирас), Лукас Билја (Караѓумрук), Џовани Бонавентура (Фиорентина), Пепе Реина (Лацио).

АТАЛАНТА
➡️ ДОЈДОА: Марко Пашалиќ (Челзи – откупен договор), Алексеј Миранчук (Локомотив Москва), Симоне Мураторе (Јувентус), Кристијано Пичини (Валенсија).
⬅️ ЗАМИНАА: Тимоти Кастањ (Лестер), Џанлука Мансини (Рома), Етрит Бериша и Марко Далесандро (СПАЛ), Тицијано Телиси (Модена).

РОМА
➡️ ДОЈДОА: Џордан Верету (Фиорентина), Џанлука Мансини (Аталанта), Карлес Перез (Барселона), Хенрик Мхитарјан (Арсенал), Педро (Челзи)
⬅️ ЗАМИНАА: Патрик Шик (Баер Леверкузен), Грегори Дефрел (Сасуоло), Максим Гоналон (Гранада), Александар Коларов (Интер), Алесандро Флоренци (ПСЖ), Силвио Аночиќ (Шибеник)

ЛАЦИО
➡️ ДОЈДОА: Ведад Муричи (Фенербахче), Пепе Реина (Милан), Гонзало Ескаланте (Еибар)
⬅️ ЗАМИНАА: Валон Бериша (Ремс), Рикардо Кишна (Ден Хаг), Иван Варгиќ (Копер)

ФИОРЕНТИНА
➡️ ДОЈДОА: Алфред Данкан и Пол Лорола (Сасуоло), Кристијан Куаме (Џенова), Џакомо Бонавентура (Милан), Борха Валеро (Интер).
⬅️ ЗАМИНАА: Џордан Верету (Рома), Џовани Симеоне (Каљари), Амиду Салифу (Петролул), Алекса Терзиќ (Емполи), Брајан Дабо (Беневенто), Марко Бенаси (Фиорентина)

САСУОЛО
➡️ ДОЈДОА: Грегори Дефрел (Рома), Влад Кирикеш (Наполи), Филипо Ромања (Каљари), Кан Ајхан (Фортуна), Лукас Харашлин (Лехија), Јоргос Киријакопулос (Астерас)
⬅️ ЗАМИНАА: Стефано Сенси (Интер), Алфредо Данкан и Пол Лорола (Фиорентина), Франческо Касата (Џенова), Алесандро Трипалдели (Каљари)

ТОРИНО
➡️  ДОЈДОА: Симоне Верди (Наполи), Карол Линети и Никола Муру (Сампдорија), Мерџим Војвода (Стандард Лиеж), Рикардо Родригез (Милан)
ЗАМИНАА: Кевин Бонифаци (СПАЛ), Ола Аина (Фулам), Томас Кучиети (Губио), Лоренцо Ди Силвестри (Болоња)

КАЉАРИ
➡️ ДОЈДОА: Марко Рог (Наполи), Џовани Симеоне (Фиорентина), Алесандро Трипалдели (Сасуоло), Разван Марин (Ајакс), Габриеле Запа (Пескара)
⬅️ ЗАМИНАА: Николо Барела (Интер), Филипо Ромања (Сасуоло), Лукас Кастро (СПАЛ), Артур Јонита (Беневенто), Сена Манге (Еупен), Лука Цигарини (Кротоне), Рафаел (Специја), Фабрицио Качијаторе, Валтер Бирса и Лука Кроста (слободни играчи)

БОЛОЊА
➡️ ДОЈДОА: Лоренцо Де Силвестри (Торино)
⬅️ ЗАМИНАА: Емилиано Патарело (Местре), Ладислав Крејчи (Спарта Прага), Никола Гини (Пианезе), Диего Фалчинели (Црвена Звезда), Матиа Дестро (Џенова)

УДИНЕЗЕ
➡️ ДОЈДОА: Нахуел Молина (Бока Јуниорс 2), Фернандо Форестиери (Шефилд Венздеј)
⬅️ ЗАМИНАА: Секо Фофана (Ленс), Џузепе Пецела (Парма), Емануел Баду (Верона), Андрија Балиќ (Дунајска Стреда), Стипе Перица и Франциско Сиралта (Вотфорд)

САМПДОРИЈА
➡️ ДОЈДОА: Микел Дамсгард (Нордсјеланд), Кристофер Аскилдсен (Стабек), Лоренцо Тонели (Наполи), Томасо Аугело (Специја), Матео Стопа (Јувентус), Маја Јошида (Саутемптон), Фелис Дамико (Интер), Никола Раваља (Кремонезе)
⬅️ ЗАМИНАА: Карол Линети (Торино), Џанлука Капрари (Беневенто), Лоренцо Шимиќ (Заглебје), Андреа Бертолачи (слободен играч)

ПАРМА
➡️ ДОЈДОА: Роберто Инглесе, Алберто Граси, Луиџи Сепе (од Наполи), Јан Карамох (Интер), Џузепе Пецела (Удинезе), Хернани (Зенит), Јасмин Куртиќ (СПАЛ)
⬅️ ЗАМИНАА: Хозе Мачин (Монца), Лука Зампаро (Реџина), Емерсон (Интер У19), Антонино Бариља (Монца), Давид Мастај (слободен играч)

ВЕРОНА
➡️ ДОЈДОА: Адриан Тамезе (Ница), Кевин Рег (Цирих), Корај Гинтер (Џенова), Иван Пандур (Ријека), Емануел Баду (Удинезе), Марко Бенаси (Фиорентина)
⬅️ ЗАМИНАА: Мараш Кумбула (Рома), Лука Мароне (Кротоне), Јуре Балковец (Караѓумрук), Симон Стефанец (Пухов), Андреа Бадан (Олдам), Фабио Борини и Џампаоло Пацини (слободни играчи)

ЏЕНОВА
➡️ ДОЈДОА: Андреа Пинамонти (Интер), Франческо Касата (Сасуоло), Габриел Шарпентер (Спартакс), Матиа Дестро (Болоња), Миха Зајц (Фенербахче), Милан Бадељ (Лацио)
⬅️ ЗАМИНАА: Кристијан Куаме (Фиорентина), Џанлука Лападула (Беневенто), Корај Гинтер (Верона), Салваторе Ишацо (Данубио), Себастијан Ериксон (Гетеборг), Синан Гумуш (Фенербахче), Кевин Агудело (Специја), Стефан Омеонга (Пескара), Андрас Шафер (Дунајска Стреда)

БЕНЕВЕНТО
➡️ ДОЈДОА: Џанлука Лападула (Џенова), Камил Глик (Монако), Џанлука Капрари (Сампдорија), Артур Јонита (Каљари), Дам Фурлон (Беверен), Брајан Дабо (Фиорентина), Федерико Барба (Киево)
⬅️  ЗАМИНАА: Џанлука Ди Кјара (Перуџа), Масимо Кода (Лече), Брајан Гјамфи (Реџина), Самуел Арментерос (слободен играч)

КРОТОНЕ
➡️ ДОЈДОА: Луис Рохас (Универзитад Чиле), Лука Мароне (Верона), Милош Вулиќ (Црвена Звезда), Лука Цигарини (Каљари), Емануел Ривие (Козенца), Лисандро Магаљан (Ајакс), Андреа Рисполи (Лече), Едуардо Енрике (Спортинг), Денис Драгуш (Стандард)
⬅️ ЗАМИНАА: Макси Лопез (Самбенедатесе), Андреа Барберис (Монца), Матео Итрак (Горица)

СПЕЦИЈА
➡️ ДОЈДОА: Андреа Исмаили (Хајдук), Џерон Зот (ПСВ), Грегорио Морачиоли (Пистоезе), Јакопо Сала (СПАЛ), Рафаел (Каљари), Кевин Агудело (Џенова)
⬅️ ЗАМИНАА: Томасо Аугело (Сампдорија), Делано Бургцорг (Хераклес), Михаел Дерамо (Пецаро), Ди-Џеј Буфонџ (НАЦ)