Голема, важна и секако прва победа на Лабуништа Тетово, или Тетекс сезонава, и тоа против Дрита. Мечот, последниот од 4.коло во ВМФЛ – запад, се одигра на стадионот “Борис Трајковски“ во скопско Маџари, а тетовските „штофари“ покажаа дека и тие знаат да победуваат, дека знаат да играат добар фудбал и дека имаат намера жестоко да се борат за опстанокот во оваа конуренција.

Стрелци на головите за тетовските „штофари“ беа Чилафи во 22.минута и Скендери во 78.минута.

Инаку ова беше прва победа и за новиот стратег на “штофарите“ Славчо Георгиевски – Тупан. Тој го победи во директен дуел својот некогашен колега од репрезентацијата Јане Николоски, кој пак е тренер на Дрита Боговиње.