Шкупи – Ренова 4:3. Во меч во кој имаше два пресврти, на крајот на победата се радуваше тимот од „Чаир“. Кога се чинеше дека ќе биде 3:3, сепак, Нето на 15 секунди пред крајот погоди, за домашно славје.

Шкупи дојде до вредна победа. Кај Ренова се забележуваше заморот од дуелот со Хајдук во четвртокот. Меѓутоа од нив видовме еден прекрасен гол на Шала. Да се важеа убавите голови за два, тогаш ќе беше нерешено. Но прекрасниот гол само утеха за овој „болен“ пораз на „гипсарите“.