Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас и неговиот Наполи тргнаа триумфално во новата сезона во Серија А. Во првото коло ја совладаа Парма на гостински терен со 0-2.

Нашиот репрезентативец не се најде во стартната постава, влезе во 84. минута на местото Руиз.

„Наполитанците“ победата ја обезбедија во второто полувреме, Мертенс во 63. минута го отвори мечот, 14. минута подоцна Инсигне зголеми на 2-0.