Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо бил главната причина што Герет Бејл, по седум години престој во Реал Мадрид, се реши да се врати меѓу „спарси“. Да потсетиме дека Велшанецот е повреден и дека нема да игра за својата старо – нова екипа против Шкендија во Скопје во четврток на Арената “Тодор Проески“.

Тој беше главната причина што се вратив во Тотенхем. Ми раскажуваше за кои позиции би сакал да играм. Секако дека бев задоволен од тоа што го слушнав. Неговото име е добро познато во светскиот фудбал, тој е роден победник. Жозе е совршен човек за Тотенхем. Ни требаат трофеи, и тој најдобро знае како се доаѓа до нив. Инаку играњето заедно со Кејн и Сон ќе биде возбудливо за мене, очекувам возбудлива сезона“, изјави Герет Бејл.