Дуелот меѓу Вардар 1961 и Елверум нема да се одигра во четврток, според првичниот распоред. Норвешкиот тим побара од ЕХФ да биде одложен мечот од 2. коло против македонскиот клуб поради протоколите за патувања во нивната земја.

Доколку Елверум дојде во Скопје ќе мора да мине задолжителен картин во Норвешка од 14 дена. Македонија е во листата на земјите со висок ризик кога станува збор за пандемијата коронавирус.

ЕХФ одговори позитивно на ова барање, веќе бара нов термин за одигрување на овој натпревар.

Ова е втор меч во новата сезона во групата на Вардар 1961, кој нема да се одигра според предвидениот распоред, поради шест позитивни лица во таборот на Пик Сегед во минатото коло унгарскиот не го одигра дуелот со ПСЖ.