Шпанскиот триатлонец Диего Ментрига мора да ја добие наградата за фер-плеј поради својот потег на трката во Сантандер. Пред крајот Ментрига не беше лидер туку зад британскиот триатлонец Џејмс Тигл. На 50-тина метри Британецот ја погреши патеката, а тоа му овозможи на Ментрига да го претекне.

Но Шпанецот реагираше како што треба. Знаеше дека Тигл ја заслужи победата и застана пред целта за да му овозможи на Британецот прв да ја помине патеката и да го добие златниот медал.

Тој не го примети знакот или истиот беше погрешно поставен. Како и да е, не сакав на тој начин да победам. Тигл заслужи да биде прв и му дозволив прв да помине низ целта. Мислам дека повторно исто би постапил“, изјави Ментрига.