Атлетико Мадрид може да го „грабне“ Луис Суарез во своите редови. Уругваецот сака да си замине од Барселона, а трансферот во Јувентус му пропадна, па сега во игра влезе Атлетико. Тренерот Диего Симеоне ќе остане без Алваро Мората кој утре ќе замине во Торино и ќе потпише со Јувентус, па ќе се отвори место за уругвајскиот голгатер.

Според неколку шпански медиуми Суарез се договорил со Атлетико околу личните услови, а откако дефинитивно ќе се раздели со Барселона ќе му се приклучи на клубот од „Ванда Метрополитано“ како слободен фудбалер.

Суарез за шест сезони во Барселона постигна 198 гол и запиша 97 асистенции во сите конкуренции.