По серијата ужасни резултати во првите шест кола во новата сезона во ПМФЛ,и исто толку порази со само еден постигнат гол, се чини дека време беше за оставки во таборот на Беласица.

Па така, како што велат нашите информации, Ване Милков, младиот шеф на струката на струмичкиот прволигаш, си поднел оставка.

На негово место ќе дојде Шефки Арифовски, кој и онака беше во клубот и тоа како стручен консултант.

Останува ФК Беласица и официјално да се произнесе дали ја прифаќа оставката на Милков.