ФОТО: Курир

Само на Балканот. Неверојатна, нестварна сцена на фудбалски натпревар. Имено како што пишува српски “Курир“, на мечот меѓу Хајдук Лион и ПКБ, инаку српски нисколигаши, повреден бил помошниот судија. И тоа не од тепачка на теренот или од играчите, туку од фрлено шише од блиската куќа, најверојатно несакајќи.

Во таа куќата станарите си славеле роденден додека на теренот, што е на само на некој метар, се играло фудбал. Се разбира кога балканците се во прашање, тука мора да има нешто повеќе. Веројатно поднапиени, славениците фрлиле шише од прозорецот, а тоа завршило во главата на помошниот судија. За среќа тој минал со полесни повреди, следувала интервенција на полицијата и винивникот бил пронајден.