Словенецот Тадеј Погачар е изненадувачкиот победник на Тур де Франс. 21- годишниот велосипедист, влегува во историјата, како првиот велосипедист од неговата земја што постигнал вакво достигнување. Тој ја носеше жолтата маичка само еден ден, последниот, освои три етапи, и на крај успеа да го оствари најдобриот резултат на најпопуларната трка. Организаторите на „Тур де Франс“ за победата ќе му доделат награда од 500.000 евра.

На вториот, исто така Словенец, Примож Роглиќ, му следуваат 200.000 евра, а на третиот член на подиумот, Ричи Порт, ќе инкасира 100.000 евра.