Во чест на својата фудбалска икона, Спортинг Лисабон одлучи својата Академија да ја именува во “Академија Кристијано Роналдо“.

Во соопштението на официјалната страна на клубот од Лисабон, се вели дека имале и тоа каква причина за такво нешто, дека Кристијано е нивен син.

Роналдо се приклучил на младинската школа на Спортинг во 1997 година, а на 14 август 2002 година за првпат заигра за првиот тим, и тоа против Интер, и тоа само со 17 години.

Потоа се е историја.

Клубот со овој потег сака да го овековечи името на најголемиот и најпознат фудбалер кој некогаш играл за Спортинг Лисабон.