Како што дознаваме, стадионот, односно теренот на Градскиот стадион во Кавадарци се уште не е подготвен на него да се играат натпревари. Токму затоа раководството на Тиквеш се одлучи големата битка, супер дербито на Истокот, натпреварот од 5. коло во сабота меѓу Тиквеш и Брегалница, да се игра на стадионот на Росоман. Досега кавадарчани своите мечеви како домаќини ги играа во Неготино, но поради фактот дека теренот во Росоман е одличен, одлуката е таа.

Тоа значи декаТиквеш нема да ја пречека Брегалница дома, на својот стадион во Кавадарци, туку ова супердерби всушност ќе се игра на неутрален терен.

Секако дека ова е добра вест за Брегалница, и секако дека и на овој меч нема да има гледачи поради кризата со Ковид-19.