Никола Митревски и Порто им се вратија на победите по изненадувачкиот пораз од Елверум на стартот на новата сезона во Лигата на шампиони.

Португалскиот тим на гостувањето кај АДА Маија славеа со 31-12 во рамките на второто коло во тамошниот шампионат. Ова е втора победа за Порто и македонскиот репрезентативец.

Во центарот на вниманието беше токму Никола Митревски, денеска Порто го прогласи за МВП на мечот. Нашиот репрезентативец средбата ја заврши со 20 интервенции, тој беше на голот на својот тим во текот на сите 60. минути.