Шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара се збогува со Баерн и се пресели во Ливерпул за 30 милиони евра. Шпанецот потпишал тригодишен договор. Тој веќе дебитираше за новиот клуб на дуелот со Челзи, а пред да отиде во Ливерпул имал и понуда од Барселона, неговиот прв клуб, меѓутоа Баерн веднаш ја одбил.

„Каталонците“ сакале ова лето да го вратат Тијаго на „Ноу Камп“ меѓутоа не успеале. „Кадена СЕР“ пишува дека Барселона за него понудила само 10 милиони евра, а на истата се „изнасмеале“ во Баерн затоа што биле ептен ниска.

Ливерпул понудил тројно повеќе и „Баварците“ ја прифатиле таа понуда.