Поради инцидентот на мечот ПСЖ – Марсеј, и дуелот меѓу Нејмар и Алваро, „Л’Екип“ пишува дека двајцата може да бидат казнети со 10 меча пауза во Ла Лига.

Алваро поради расизам, казна која предвидува најмалку 9 меча пауза, а Нејмар поради хомофобија.

Сега има и нова ситуација, во која наводно ќе се докажува дека Бразилецот го навредувал и јапонскиот интернационалец Хорики Сакаи кого наводно го нарекол „кинеско г*мно“. Ако тоа се докаже, тогаш казната на Нејмар може да биде и драстично поголема.

Федерацијата на Франција и натаму молчи во изрекувањето на казните. На мечот во финишот беа доделени пет црвени картони.