Даниеле Де Сантис, фудбалски судија кој суди натпревари во италијанската Серија Б и Серија Ц и неговата девојка биле убиени во стан во градот Лече. Според „Ла Република“ 33-годишниот судија и неговата девојка Елеонора Манта биле избодени до смрт. Соседите ја алармирале полицијата кога чуле викање и виделе човек кој со трчање излегува од зградата, а во рацете држел нож. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Де Сантис во кариерата има судено 130 натпревари, почнал во Серија Ц, а во 2017 година дебитирал и во Серија Б со мечот Пиза-Беневенто.

Lecce, duplice omicidio in condominio: uccisi l'arbitro Daniele De Santis e  una donna