Металург денеска го игра најважниот меч во битката за пласман во групната фаза во Лига Европа. Противниот во првиот дуел во рамките на второто квалификациско коло е тимот на Креинс, мечот се игра вечерва (20:45 часот) во СЦ „Јане Сандански“.

На оваа средба Зоран Кастратовиќ на располагање ќе го има целиот состав, Ковид-тестовите се негативни, па македонскиот клуб треба максимално да ја искористи предноста на домашен терен и да дојде до поубедлив триумф пред реванш натпреварот кој се игра на 29. септември во Цирих.

Швајцарците во претходното коло играат против Дубрава, и на двете средби забележаа победи. Но, тоа пак не ги прави фаворити на денешната пресметка.

Според обложувалниците Металург е целосен фаворит, за триумф на тимот од Автокоманда коефициентот е 1,3о додека пак за изненадување на гостите е 4,10.

Овој натпревар за жал нема да биде пренесуван на ТВ.