Вечерва продолжуваат квалификациите за Лигата на шампионите, а на ред се плеј-оф натпреварите. Денеска се три натпревари, а според нас, најинтересен меч е оној помеѓу Краснодар и ПАОК.

Грчкиот претставник на патот до овој дуел имаше два тешки натпревари во кои излезе како победник. Прво го елиминира Бешикташ (3:1), а најголемата сензација ја направи наредното коло со победата над Бенфика (2:1).

За Краснодар ова е прв меч во ЛШ, сепак, Русите во мечот влегуваат со крената самодоверба после победата над Химки со 7:2. Во оваа фаза се играат два меча. Вечерва е првиот, вториот е на 30 септември.

Инаку овие две екипи во 2015 година играа меѓу себе во групната фаза на Лига Европа. Во Краснодар беше 2:1 за руската екипа, додека во Солун мечот заврши без голови.

 

ЛШ – ПЛЕЈ-ОФ
КРАСНОДАР – ПАОК
вторник, 21:00 ч.

НАШИ ПРЕДЛОЗИ: ГГ и ВГ 3+