Коронавирусот не мирува. Нови позитивни лица на „Ковид-19“ има во таборот на Работнички. Најтрофејниот кошаркарски колектив требаше да одигра пријателски натпревар со Вардар, но истиот е одложен откако неколку лица пројавиле симптоми на овој вирус.

Истите се во стабилна состојба и пратени во самоизолација. Тимот на Работнички ќе мора да направи нови тестирања, а истите ќе мора да го направат и тимовите кои спарингуваа со „црвено-белите“, последен беше Куманово.

Сезоната треба да почне на 3. октомври, а Работнички игра градско дерби со МЗТ Скопје.