Еден од најдобрите светски играчи, Килијан Мабпе на крајот на сезоната ќе ги напушти редовите на ПСЖ.

Договорот на младиот фудбалер со францускиот првак завршува во 2022 година, но преговорите за потпишување на нова соработка не вродија плод, најверојатно планира да си замине.

До денеска се чинеше дека единствен тим кој е заинтересиран за неговите услуги е Реал Мадрид, кој доколку не се случеше пандемијата коронавирус ќе се обидеше уште ова лето да го купи.

Како што пиштуваат француските медиуми за Мбапе „загриза“ и Ливерпул, кој имаше еден обид во 2017 година, според многумина контактите меѓу францускиот играч и челниците на клубот никогаш не застанале.

Секако ПСЖ и натаму се обидува да го убеди Мбапе да остане, но се поизвесно е дека ќе замине, само прашање е дали ќе биде Реал Мадрид или пак Ливерпул.