Неверојатна приказна ни доаѓа од Саудиска Арабија каде вечерва требаше да се одигра мечот од азиската Лига на шампиони помеѓу Ал Хилал и Шабаб Ал Ахли од Обединетите Арапски Емирати. Поради коронавирус домашниот тим се најде во големи проблеми, па тренерот Разван Луческу морал да бара начин како да го состави тимот. Пред мечот романскиот тренер имал на располагање само осум играчи и еден голман па морал да прави претумбации.

Па така одлучил да вметне тројца голмани. Ал Мајоф би бранел, додека на теренот, поточно во нападот би играле „резервните“ чувари на мрежата Јубаја и Биши.

Тренерите на двете екипи ги одредиле стартните постави, но делегатот кога го видел не дозволил мечот да стартува. Правилата велат дека во едната екипа мора да има минимум 13 фудбалери – 11 на терен и двајца на клупата. Па така тој одлучил натпреварот да се одложи но се уште не е познато во кој термин ќе се одигра.