Играчот од средниот ред на Пари Сен Жермен Анхел Ди  Марија е суспендиран на четири натпревари од страна на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Франција. Причината е некоректното однесување на дербито со Марсеј пред неколку недели. Финишот на мечот заврши неславно со тепачка меѓу фудбалерите и црвени картони.

А Ди Марија го плукна притивничкиот играч Алваро Гонзалез. Токму поради тој неспортски и уличарски потег аргентинскиот репрезентативец доби забрана за настап на четири првенствени натпревари.

ФФ на Франција додаде дека казна ги чека уште Нејмар и Гонзалез поради лошо однесување. Нивната казна ќе биде изречена на 30 септември.