Шокантен трансфер најавуваат медиумите во Италија. Имено Марио Балотели речиси да е со една нога во Џенова, во тимот каде што капитен е нашата фудбалска икона Горан Пандев. На препорака на менаџерот Мино Раиола, Џенова му понудила едногодишен договор на контроверзниот италијански фудбалер, а некогаш и репрезентативец на „аѕурите“, и се очекува тој да ја прифати.

По заминувањето од Бреша се најавуваше трансфер на Супер Марио некаде надвор од Серија А, но тој сега е блиску да остане во Италија.

Да потсетиме дека Пандев и Балотели играа заедно во Интер, и тоа во времето на најславните денови на овој клуб кога во една сезона ја освои триплетата, во таа фамозна 2010 година.