Во потрага по поголема минутажа, играчот на Јувентус Лука Пелегрини следните година дена ќе ги мине како позајмен фудбалер во екипата на Џенова.

Тој реално неможе да мине во силната конкуренција во Торино, па нормално е што младиот фудбалер заминува во екипа, каде што има далеку поголема шанса за настапи.

Џенова лани мака мачеше да обезбеди опстанок, сезонава стартуваше со триумф, а и составот е далеку поразличен одкотлку минатата година. Доведени се неколку фудбалери, желни за докажување кои сигурно ќе го подигнат нивото на квалитет отколку лани.