Не се чекаше долго за првиот гол на новото скапо засилување на Челзи Каи Хаверц. „Сините“ за него платија неверојатни 62 милиони фунти (со бонуси сумата може да достигне до 71 милион фунти). Германецот вечерва го постигна првиот гол во дресот на „сините“ од Лондон. Челзи игра со Барнли во англискиот Лига куп, а Хаверц го постигна голот за водство од 2:0.

Мејсон Маунт асистираше, Тами Абрахам ја пропушти топката до Хаверц кој од близина го совлада противничкиот голман. Погледнете.