Шкендија – Тотенхем, утре од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 3.квалификациска рунда во Лигата на Европа. Зарем треба да се каже, анализира, детализира што значи Тотенхем, но во фудбалот нели, чудата се случуваат.

Ибраими против Хари Кејн, Дориев против Сон, Захов, а од другата страна Лорис, е тоа ќе биде спектакл кој е ретко виден во Македонија. Да, секако и Ѓока против Мурињо.

Штета, штета што нема да има гледачи, овој историски меч е за 30.000 фанови, но ете, живееме во Ковид-19 период, што да се прави…

Вечерва, пред утрешниот дуел со англискиот гигант, Шкендија го одработи својот последен тренинг на Арената и тоа во одлична атмосфера.