Романскиот ФЦСБ, поранешна Стеауа, се соочува со големи проблеми поради коронавирисот КОВИД-19. Утре треба да играат со Либерец во квалификациите за Лига Европа, а играчите ги дознаа тестовите на КОВИД-19 и ситуацијата не е подобрена, туку е уште повеќе влошена.

Дури 13 фудбалери се позитивни на КОВИД-19 како и девет лица од стручниот штаб меѓу кои и тренерот Антон Петреа.

ФЦСБ побара од УЕФА одложување на мечот, но досега нема одговор. Во меѓувреме романскиот тим го „крпи“ составот. Им останаа здрави само тројца голмани и девет играчи, а уште двајца се очекуваат на позајмица до вечер и веднаш да бидат пријавени за утрешниот меч.

Не е исклучено и Либерец да помине на зелена маса со службена победа.