Шота Арвеладзе, едно од најголемите фудбалски имиња во Грузија е позитивен на Ковид-19. Тој на својот инстаграм профил ја потврди оваа информација, и посочи дека ќе мора да оди во изолација. Токму затоа тој вечерва не беше со својата екипа Пахтакор на мечот во Лигата на Шампионите на Азија, и тоа против Шахр Кодру. Сепак неговите играчи и соработници не го заборавија својот тренер и на на неговото место на клупата тука стоеше дресот на Шота.