Убава вест од Националниот МРТВ сервис. Имено натпреварот од 3.квалификациско коло во Лигата на Европа помеѓу македонскиот претставник Шкендија и Тотенхем, ќе може да се проследи во живо на МРТВ и тоа на спортскиот канал. Исто така ќе го има на МТВ на каналот на албански јазик.

Со оглед на тоа дека фудбалските фанови не можат, поради Ковид-19, да дојдат вечерва на Арената “Тодор Проески“ и на лице место го следат натпреварот, ете можност сепак да ги гледаат ѕвездите на Шкендија и Тотенхем.

Инаку мечот започнува во 20 часот, а ТВ преносот од 19:55 часот.