Паоло Дибала од вчера повторно е на тренинг на Јувентус. Офанзивецот отсуствуваше речиси еден месец поради повреда на мускулот но сега се враќа пре многу важниот меч виклендов против тимот на Рома.

Дербито се игра на стадионот Олимпико во Рим, в недела со почеток од 20:45, а Дибала веројатно ќе почне од клупата.

Алваро Мората, новитетот во тимот на Јувентус веќе е на тренинг но работи индивидуално.