Како што велат нашите информации, ждрепката за 1/8 финалето во Купот на Македонија ќе се одржи во вторник, на пладне, во просториите на Фудбалската Федерација на Македонија. Откако се одиграа сите 12 шеснаесетфинални средби во ова натпреварување, ги добивме сите патници во втората фаза од Купот. Се разбира дека тука се и Шкендија, Брегалница, Академија Пандев и Струга Трим Лум кои диртектно изборија пласман. Останатите 12 екипи се Вардар, Ренова, Силекс, Кит Го, Македонија ЃП, Пелистер, Каменица Саса, Гостивар, Работнички, Кожуф, Шкупи и Беласица.

Ова се сите 16 клубови кои ќе бидат во барабанот.

Да кажеме дека во оваа фаза ждрепката нема да биде диригирана, може да се падне секој со секого.