Извршниот комитет на УЕФА на денешниот состанок во Будимпешта денеска донесе одлука во договор со Европската асоцијација на клубови и Европските лиги, да ги врати загубените датуми поради откажувањето на прозорецот од март 2020 година и одложувањето на ЕУРО 2020 за летото 2021 година, со продолжување на прозорците за репрезентативни дуели во март и отворање нов прозорец од септември 2021 година во календарот на меѓународни натпревари на ФИФА, така што ќе може да се сместат по три наместо два натпревари во скеој од нив. Ова решение е веќе имплементирано, со одобрение од ФИФА, за меѓународните прозорци од октомври и ноември 2020 година.

Календарот за натпревари на европските репрезентации сега ќе изгледа вака:

22-31 март 2021 година – 3 термини

31 мај – 8 јуни 2021 година – ЕУРО2021 пријателски натпревари

30 август – 8 септември 2021 година – 3 термини

4-12 октомври 2021 година – 2 термини

8-16 ноември 2021 година – 2 термини

21-29 март 2022 година – 2 термини за разигрувањето за европските квалификации

Финалните возбудувања од Лигата на нации на УЕФА ќе се играат на 6-7 октомври 2021 година (двете полуфиналиња), додека финалето и мечот за трето место ќе се одржи на 10 октомври 2021 година. Три асоцијации од групата 1 пројавиле интерес за домаќин на финалето: Италија, Холандија и Полска.

Пет замени

Извршниот комитет на УЕФА, исто така, одлучи да дозволи до пет замени за сите натпревари одиграни во Лигата на нации на УЕФА, плеј-офот за европски квалификации, Еуро-квалификациите за жени, УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Лигата на Европа и УЕФА Лигата на шампиони за жени, за остатокот од сезоната, со цел да се олесни товарот на играчите предизвикани од пополнетите меѓународни календари на натпревари.

Следствено, бројот на играчи дозволени на еден меч ќе се зголеми на 23, каде тоа не е веќе случај.

Нов формат за младинската лига на УЕФА

Одобрен е нов формат за младинската лига на УЕФА 2020/21 поради постојните потешкотии во организирањето на натпреварувањето и неподготвеноста малолетни играчи да патуваат во сегашниот контекст. Натпреварите ќе играат по нокаут систем, а натпреварувањето ќе започне во март 2021 година.