Нант за кого настапува Кирил Лазаров дојде до првиот триумф оваа сезона и тоа на сензационален начин. Францускиот тим на гостувањето кај Кил приреди изненадување, го совлада со 27-35 (12-15) во меч во кој постојано ја имаше доминацијата.

На средината на првото полувреме Нант поведе со највисоки 6-10, по што на одморот замина со позитива од три гола (12-15). Бундес-лигашот не успеа да се врати во игра, дојде на плус седум (19-16, 20-27, 22-29), по што поведе и со 23-32. Тука беше крајот за Кил, Лазаров и неговите соиграчи заслужено се радуваа на големиот триумф.

Капитенот на македонската репрезентација средбата ја заврши со два погодоци од седум обиди и дури шест асистенции. Ривера со десет погодоци и Фигерас со сеудм беа први стрелци кај францускиот клуб.

Веспрем ја оправда фаворитската улога против ППД Загреб, дојде до втората победа оваа сезона , откако славеше со убедливи 36-25 (18-12). Гостинскиот тим имаше предност само во првата минути, унгарскиот состав го наметна своето темпо, „нагази“ онолку колку што беше потребно за двата бода.

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков на овој натпревар постигна три гола од четири обиди.