Херојот од Мундијалот 2014 Марио Геце најверојатно ќе се врати во Баерн Минхен. Момчето кое имаше многу проблеми изминатите години поради повреди и болест може да дојде на „Алијанц арената“ и втор пат да го облече дресот на германскиот шампион.

Да потсетиме човекот кој го реши финалето на Мундијалот во Бразил играше за Дортмунд, па потоа отиде во Баерн каде што се бореше со побвреди и со болест, а потоа се врати во Борусија каде што не се изнаигра па по завршувањето на минатата сезона е без клуб.

Тренерот на Баерн Ханси Флик го сака Геце назад во Баерн иако не е во оптимална форма и нема многу натпревари во последните години. Флик смета дека би бил одличен џокер во екипата и замена кога некои од првотимските напаѓачи нема да може да игра.