Кошаркарите на Пелистер го запишаа првиот пораз за време на подготовките кои деновиве ги реализираа во Требиње. На гостувањето во Мостар, беа поразени од екипата на Зрињски со 89:95.

Игор Кесар со 32 коша беше далеку најдобриот играч на Пелистер на оваа проверка во која Зекири додаде 18 поени, Вилијамс 15, а Трајковски уште 13 поени.

Во претходните две проверки, „пелистерци“ беа подобри од екипите на Леотар и Чапљина.